ЕВРО 24

ГЕРМАНИЈА ЌЕ КАЗНУВА ЗА НОСЕЊЕ НА НЕОРИГИНАЛНИ ДРЕСОВИ

Германците не оставаат ништо на случајноста, како и за се, така и во спортот, а особено на претстојното Европско првенство. Овој пат, тема на специјален надзор се дресовите кои фановите ќе ги носат додека трае континенталниот собир.

Голем број навивачи од сите краишта на стариот континент ќе ја преплават Германија за 10 дена, па германските медиуми со пораки до туристите што да прават, а што не, за да избегнат казни во градовите каде што ќе престојуваат. Во таквото набројување, се споменуваат неправење бука во станбени згради од 22:00 до 06:00 часот сабајчелки, забрането консумирање алкохол во одредени делови од градовите, но и носење на реплики дресови.

Што значи тоа? Според последните германски правила, а се со цел спречување на пиратерија и заштита на заштитните марки и брендови, во Германија доколку ве фатат дека носите неоригинален дрес, ќе платите 5.000 евра. Германската полиција ќе прегледува и такви случаји на места каде што масовно ќе се собираат фановите, па порака до оние Македонци кои ќе одат е да си понесат оригинални дресови или воопшто да не носат доколку имаат реплики. 🙂

Имајќи го предвид овој факт, можеби и цената на дресовите не е толку висока, нели?