Фудбал

КАКО ТЕРЗИЌ ГИ ПОДГОТВУВА СВОИТЕ ИГРАЧИ ЗА ФИНАЛЕТО ВО ЛШ?

Се наближува најочекуваниот натпревар на сезоната, а тоа е финалето во Лигата на шампионите во кое Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе го одредат новиот европски шампион.

Мегадуелот е предвиден за 1 јуни на „Вембли“, а двете екипи максимално се подготвуваат за спектаклот кој ќе се одржи пред 90 илјади гледачи. За Кралевите ова е доста позната територија, но не и за Милионерите од Дортмунд, кои дочекаа да се борат за трофејот со големите уши по пауза од 11 години.

Един Терзиќ, тренерот на Дортмунд, применува секаква стратегија за да ги подготви своите играчи, а според германскиот весник „Билд“, стратегот се обидува да ја ископира тактиката на гигантот од Мадрид.

Терзиќ го вклучил и тимот до 23 години на Дортмунд, да игра во формација 4-3-1-2, со истата тактика која Анчелоти ја применува во Реал, за неговиот тим да може да вежба како се напаѓа и како се брани против таква формација. Терзиќ дури ги натерал младинците да играат во бели дресови, за сениорите да се навикнат на противникот.

Дали оваа стратегија ќе го донесе посакуваниот резултат за Милионерите на 1 јуни, останува да видиме.