Фудбал

ВИДЕО: РОНАЛДО МУ ЗЕМА ЗДРАВЈЕ НА ПЕПЕ

Роналдо и Пепе се „другари стари сто години“. И редовно си прават „местенки“ засмевајќи ги соиграчите од националниот тим.

Овојпат Роналдо беше во акција и му зема здравје на Пепе истурајќи му вода на главата. Пепе знае дека Кики е „налудничав“, па и премногу не се оптоварува.

Како и да е, атмосферата во таборот на Португалците пред осминафиналето со Белгија е на највисоко можно ниво.