Кошарка

ТРОЈКАТА НА ДОНЧИЌ ЗА ПОБЕДА ПРЕКУ ГОБЕР (ВИДЕО)

Далас направи брејк во финалната серија на Западот, добивајќи го и вториот дуел на гости кај Минесота.

Предводени од Дончиќ и Кајри, кои постигнаа 32 односно 20 поени, Далас успеа да поведе со 0:2 во серијата, а победата беше крунисата во последните секунди.

Словенецот ја презема одговорноста, го чуваше еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата – Руди Гобер, но попусто. Тој успеа да погоди тројка:

Медиумите го уловија и како довикува до Французинот по погодената тројка, а ќе оставиме на ваша интерпретација да прочитате од усните што му кажа. 🙂