Фудбал

КАКО ВО БЕРГАМО НА ПЛОШТАД СЕ СЛАВEА ГОЛОВИТЕ НА ЛУКМАН? (ВИДЕО)

Бергамо, како и наше Кавадарци, вечерва ќе слават. Тиквеш го освои Купот на Македонија, а Аталанта ја освои Лига Европа.

За тимот предводен од Гасперини, ова беше прв трофеј по Купот на Италија пред 61 година, а најзаслужен за тоа беше нигерискиот напаѓач Лукман, кој постигна хет-трик и стана вториот играч во ова натпреварување кој постигнал три гола во финален натпревар по Радамел Фалкао.

Во Бергамо, домот на Аталанта, се следеше натпреварот на плоштадот, а вака изгледаше славјето кога Лукман го постигна водечкиот гол.