БЕНЗЕМА СЕ ВРАЌА ДОМА?
Објавено на: 22.05.2024
На големо изненадување, Карим Бензема летово би можел да се врати во Европа и тоа во неговиот матичен клуб Лион.
Некогашниот француски првак успеа да ја спаси катастофалната сезона со пласман во Лигата на Европа, па за тимот да остане конкурентен, потребни се квалитетни и искусни играчи. Токму Бензема се појави како опција, повторно да биде меѓу популарните Лавови, со кои четирипати беше шампион на својата земја.
Бензема по заминувањето од Реал Мадрид се упати кон Блискиот Исток, моментално ја игра втората сезона во дресот на Ал-Итихад, но носталгијата за да се врати дома по сите изгледи го стигна, па наводно изразил желба да ја заврши кариерата во клубот каде што ја почна.
Пречка прави неговиот договор кој важи до јуни 2026 година, но и огромната плата која ја заработува во Саудиска Арабија. За Бензема повторно да биде член на Лион, ќе мора да ги намали финансиските апетити.