Фудбал

АЛОНСО ЈА ТЕСТИРАШЕ РАМКАТА ОД ГОЛОТ ПРЕД ФИНАЛЕТО (ВИДЕО)

Чаби Алонсо и неговиот Леверкузен вечерва ќе се обидат да го освојат вториот трофеј сезонава за продолжување на сензационалниот подвиг на Фармацевтите.

Аталанта е противникот на новиот германски првак во финалето од Лигата на Европа, дуелот ќе се игра во Даблин, каде екипите веќе неколку дена ги вршеа последните подготовки пред големиот дуел.

На вчерашниот последен тренинг, Алонсо одлучи да покаже дека уште е мајстор со топката како во најдобите времиња, па ја тестираше рамката од голот со неверојатни удари. Погодуваше точно каде што се спојуваат гредата и дирекот.