ЛИСТАТА НА БОЛИ СО 4 ТРЕНЕРИ МОЖНИ НАСЛЕДНИЦИ НА ПОКЕТИНО
Објавено на: 21.05.2024
Маурицио Покетино пред неколку часа ги спакува куферите и си замина од Челси, на взаемен раскин на договорот, само два дена откако на крај успеа некако да ги домкне сините на 6 позиција и конечно да заличат на тим.
Според англиските медиуми, американскиот газда не чека и не одмара и со управата веќе имаат скратена листа од 4 тренерски имиња со кои веќе се преговара за да го превземат лондонскиот тим во следните неколку недели. Најавите се дека Челси не сака да се потпре на докажано и искусно тренерско име, туку ќе биде во потрага по млад и амбициозен тренер, а такви ги има неколку во Европа.
Па така, на листата на сините се Себастијан Хенес, тренерот на Штутгарт кој заврши второпласиран во Бундеслигата. Потоа следи тренерот на Жирона – Мишел, предводникот на новиот премиерлигаш Ипсвич – Киран Меккена, кој исто така е во трка за тренерското место во Брајтон и конечно, Енцо Мареска, менаџерот на Лестер кој од следната сезона повторно ќе игра во премиерлигашкото друштво.
Сепак, пред малку англиските букмејкери извадија понуда за нови тренери на Челси, а меѓу нив освен оваа горенаведена четворка се наоѓаат и Томас Тухел, кој е слободен летово и Жозе Мурињо, кој доби отказ од Рома претходно сезонава. Меѓу другите, на листата се присутни и Јулијан Нагелсман и Антонио Конте, како помалку веројатни опции.
Меѓу темите на муабет на Островот и во Европа се каде ќе продолжи Покетино, а многу медиуми и извори веќе излегоа со претпоставки и најави дека Аргентинецот преговара со Манчестер Јунајтед или Баерн Минхен.
Едно е сигурно. не очекува бурно трансфер лето насекаде во топ 5 лигите!