СЛОВЕНЧКИОТ ТАЛЕНТ ВО ТЕШКА ДИЛЕМА: НОВ ДОГОВОР, ПРЕСЕЛБА ВО АРСЕНАЛ ИЛИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК?
Објавено на: 21.05.2024
Бенјами Шешко моментално е еден од најбараните напаѓачи во Европа кој имаше пристојна дебитантска сезона во дресот на Лајпциг.
Талентираниот словенечки офанзивец забележа вкупно 18 погодоци за германските Црвени бикови и го привлече вниманието пред сè на Арсенал, но и неколку клубови од Саудиска Арабија. Лајпциг не сака да го продаде по само една сезона, па затоа управата му понуди нов договор, но Шешко е во дилема да го потпише поради интересот.
Топчиите како вицешампиони на Англија ќе бараат расен напаѓач во текот на летниот преоден рок, а токму Шешко одговара на профилот што го бара Артета. Од друга страна пак, неколку медиуми тврдат дека Саудијците му нудат до 30 милиони евра годишна плата, што за 20-годишниот Шешко би значело збогатување, но не и вистински потег за кариерата.
Словенецот има време да одлучи што ќе прави, изборот меѓу Лајпциг и Арсенал е потежок отколку опцијата да се пресели на Блискиот Исток.