Фудбал

КАКОВ СРАМ НА ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ: МЕДАЛЈИТЕ ИМ ГИ ИСПРАТИЈА ВО ШОПИНГ-ТОРБА (ВИДЕО)

Шпанската фудбалска федерација одново покажа непочит кон клуб при доделување на медалите за освоена титула.

Овојпат, федерацијата не испрати претставник за да ги додели медалјите на фудбалерките на Барселона кои ја одбранија титулата во Шпанија, а одличјата за успехот ги испратиле во една – шопинг торба!

Членови на стручниот штаб на Барселона сами ја презедоа одговорноста да ги поделат медалјите, бидејќи немаше претставник од шпанската федерација да го стори тоа, а ова не е првпат да се покаже непочит и неодговорност од управното тело на шпанскиот фудбал.

Сето ова се случуваше по победата на Барса од 8-0 против женскиот тим на Реал Сосиедад.

Претставник на федерацијата немаше и за финалето во Купот на Шпанија, никој не ги подели медалјите на освојувачите Атлетик Билбао, ниту финалистита Мајорка.

За женскиот тим на Барселона, ваквите потези од федерацијата не се непознати. Никој не им ги додели медалјите кога годинава го освоија шпанскиот Супер Куп, а истото се случи и во 2023 година по нивниот успех во Купот на Шпанија за жени.