Фудбал

ИТАЛИЈА МОЖЕ ДА ИМА ДУРИ 9 ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЕВРОПА

Италијанската Серија А следната сезона може да има дури 9 екипи-претставници во трите континентални натпреварувања, според едно сценарио.

Доколку Фиорентина слави во финалето против Олимпијакос во Конференциската лига, ќе обезбеди пласман во Лигата на Европа, па така нивниот пласман во Конференциската лига ќе се додели на екипата која ќе заврши на деветтата позиција по 38-то коло во Серија А.

Торино и Наполи се во игра за местото број 9 на табелата во Италија, кои во претстојниот викенд ќе ги одмерат силите со Аталанта, односно Лече.

Засега познати учесници во ЛШсе шампионот Интер, вицешампионот Милан, Болоња, Јувентус и Аталанта, додека во ЛЕ ќе играат римските ривали Рома и Лацио.