Фудбал

ЧАВИ Е НА РАДАРОТ НА МИЛАН ЗА НОВ КОРМИЛАР?

На некого ќе му замрачи, некого ќе го огрее сонце? Така оди старата народна, која во овој случај може да се му се посреќи на италијанскиот гигант од Милано кој е во потрата по тренер.

Откако е се поизвесно дека Пиоли ќе биде на клупата на Милан до следниот викенд кога се игра последното коло во Италија, а миланезите активно бараат нов кормилар, италијанскиот медиум Спорт-Италија со голема вест излезе денес.

Џианлуиџи Лонгари, најавува дека неочекуваниот заплет на односите Барселона-Чави би можел да го искористи Милан. Според него, управата на росонерите будно ја набљудува ситуацијата која се поизгледно е дека ќе заврши со заминување на Чави од Барселона, а назначување на Рафа Маркез како тренер на каталонците.

Ибрахимовиќ и Монкада наводно сакаат искусен тренер да го превземе клубот, со педигре, откако претходно Консеисао и Лопетеги беа негодувани од навивачите.