ТУХЕЛ ЌЕ БИДЕ НАСЛЕДНИКОТ НА ТЕН ХАГ?
Објавено на: 17.05.2024
Иако до пред некој ден кружеа гласини дека Томас Тухел сепак ќе остане на клупата на Баерн Минхен и следната сезона, Германецот на прес конференција пред последниот натпревар сезонава изјави дека ова е неговата последна прес конференција на клупата на баварците и на лето завршува нивниот договор.
Според германските медиуми, по таквиот расплет на настаните, Томас Тухел со едно око веќе гледа кон клупата на Манчестер Јунајтед, со кого веќе неговиот менаџер стапил во контакти. Сепак, црвените ѓаволи се уште немаат расчистено дали ќе продолжат со Тен Хаг или не, а како главен фактор за тоа дали Холанѓанецот ќе остане на Олд Трафорд или не е финалната пресметка со Сити во ФА Купот.
50 годишниот Германец е добар познавач на Премиер лигата, откако беше дел од екипата на Челси со која ја освои Лигата на шампионите, а Ретклиф не го крие задоволството од негов ангажман, како прв чекор во враќање на клубот на старите патеки.
Каков ќе биде располетот, се очекува да се знае до пред почетокот на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јули.