Тенис

ПО СЛУЧАЈНИОТ „НАПАД“, ЃОКОВИЌ ДЕНЕС ДОЈДЕ ПОДГОТВЕН (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ вчера беше случајно погоден со шише кога даваше автограми, откако на еден фан му падна шишето од ранец директно на главата на српскиот тенисер.

Затоа, Новак денес на тренинг дојде со капа и дополнително велосипедски шлем, со цел да ја заштити главата.

„Денес дојдов подготвен“, напиша Ѓоковиќ на видеото кое го објави на социјалните мрежи.