Фудбал

ЛУДА ЗАБАВА ВО КОМО, ФАБРЕГАС И АНРИ СЛАВАТ ПРОМОЦИЈА ВО СЕРИЈА А! (ВИДЕО)

Со ремито од 1-1 против Конченца, Комо го потврди второто место во Серија Б со кое обезбеди промоција во елитата на италијанскиот фудбал по цели 21 година пауза.

Клубот во делумно сопствеништво на Цеск Фабрегас и Тјери Анри, ги оствари своите амбиции откако фудбалските легенди инвестираа во клубот, а Фабрегас дополнително е дел од стручниот штаб имплементирајќи ја неговата философија.

По финишот на натпреварот, на „Џузепе Синигаља“ се славеше на големо, како на трибините така и на теренот, по што забавата продолжи во соблекувалната. Анри следеше од трибините, па може да се каже дека ја почувствува гордоста за успехот на проектот.