СКАНДАЛ ВО РИМ: НОВАК ПОГОДЕН СО ШИШЕ ВО ГЛАВА ДОДЕКА ПОТПИШУВАШЕ АВТОГРАМИ (ВИДЕО)
Објавено на: 10.05.2024
Новак Ѓоковиќ се најде среде скандал на АТП Мастерс турнирот во Рим, по неговата победа над Корентин Мутет.
Имено, по крајот на натпреварот, Ѓоковиќ по пат кон соблекувалната, застана да потпише автограми на фановите кои беа околу излезот на теренот, кога во еден момент беше погоден во глава некаков предмет, а се шпекулира дека се работи за пластично шише.
Светскиот рекет број 1 мораше да се призејми по ударот, неколку минути стоеше клекнат на колена со главата спуштена до земја, за на крајот да се исправи и да замине во соблекувалната.
View this post on Instagram