Фудбал

МИОВСКИ ВО ИЗБОРОТ ЗА НАЈДОБАР ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА ВО ШКОТСКА

Откако беше избран за најдобар фудбалер во Шкотска за 2024 година од страна на фудбалските новинари, Бојан Миовски се најде и во потесниот круг во изборот за најдобар фудбалер во шкотската Премиер лига за сезоната 2023/24.

Конкуренција на Миовски се Џек Батланд, голманот на Ренџерс, играчот за врска на Селтик, Мет О’Рајли и Лоренс Шекланд, офанзивецот на Хартс.

Ова е уште едно големо признание за македонскиот репрезентативец кој има сезона за паметење во дресот на Абердин, постигнувајќи 25 погодоци во сите натпреварувања, од кои 15 му се во лигата.