НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ПРВАК ПРАВИ БОМБАСТИЧЕН ТРАНСФЕР – КРИСТИЈАНО РОНАЛДО!
Објавено на: 10.05.2024
Баер Леверкузен е на добар пат сезонава да освои тројна круна – по обезбедената Бундеслига, Фармацевтите ќе играат и две финалиња, во Лигата на Европа и германскиот Куп.
За да биде уште поимпресивно ова остварување, тимот на Чаби Алонсо може да стигне до трите трофеи без пораз, а серијата од вчера е на 49 меча во сите натпреварувања.
Ваква сезона тешко дека ќе се повтори, но целта на управата на Леверкузен е да додаде уште повеќе квалитет во тимот за следната сезона повторно да ги напаѓа сите фронтови. А, првото големо име со кое се поврзува бундеслигашот е ни помалку, ни повеќе – Кристијано Роналдо!
Наводно, самиот Алонсо побарал од раководството да се обиде да го ангажираат неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид. Португалската суперѕвезда има договор со Ал-Наср до јуни 2025 година, но преселба во Леверкузен за Роналдо би значело и враќање во Европа на големата врата, како и камбек во Лигата на шампионите каде ги држи сите најважни рекорди.
Дали трансферот е возможен?