Фудбал

КОЈ Е КАКО ЏЕЈМИ: ПИЕ ПИВО НА РАБОТНО МЕСТО И НАВИВА СО „ЖОЛТИОТ SИД“ (ВИДЕО)

Џејми Карагер стана вистински шоумен изминативе години како еден од водителите на емисијата „Голацо“ на ЦБС, кое ги покрива натпреварите во Лигата на шампионите.

Легендата на Ливерпул ја има можеби најдобрата работа на светот. Покрај тоа што цело време прави анализи и е во контакт со фудбалерите, Карагер вчера имаше прилика да ја почувствува атмосферата на „Вестфален“ на трибините каде што стојат навивачите на Дортмунд, популарниот „Жол ѕид“.

Натпреварот меѓу Дортмунд и ПСЖ го проследи токму со домашните навивачи, пееше и навиваше, пиеше пиво, а потоа се врати на својата должност.

„Дали сум доволно трезен да работам? Тоа е добро прашање, јадев хамбургер околу 2:30 часот, на трибини испив можеби 8 кригли пиво, па затоа мојот говор не е течен. Но, поважно е што станав дел од едно ново семејство и стекнав нови пријатели“, изјави Карагер, стоејќи до голманската икона, Питер Шмајхел.