Фудбал

ПО АЛОНСО И НАГЕЛСМАН, И РАНГНИК МУ КАЖА „НЕ“ НА БАЕРН

Баерн Минхен нема среќа во потрагата по наследник на Томас Тухел, откако и трет тренер ги одби Баварците.

По Чаби Алонсо и Џулијан Нагелсман, Баварците добија негативен одговор и од Ралф Рангник. Селекторот на Австрија поради лични причини не прифати да седне на жешкото столче на „Алијанца арена“, иако преговорите за ангажман беа во напредна фаза.

Рангник останува да ја води Австрија, а Баерн засега е без тренер, односно Тухел ќе го води тимот во последните неколку меча од актуелната сезона, а потоа го ослободува местото.