Фудбал

ЕДНА ОГРОМНА РАЗЛИКА МЕЃУ БАЕРН И РЕАЛ

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва ќе означат старт на полуфиналната рунда во Лигата на шампионите, со нивниот прв дуел предвиден да се одигра на „Алијанц арената“ во Минхен.

Ова се едни од двата најуспешни клубови во историјата на фудбалот, меѓу нив има 20 европски титули, но постои една огромна разлика кога станува збор за гостопримство.

За вечерашната средба во Минхен, билетите за „Алијанц арената“ се движат по цени од 19 до 150 евра, додека за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ идната недела, цените на билетите изнесуваат од 125 до 445 евра.

Значи, најскапиот билет на „Алијанц“ е со речиси идентична цена од најевтиниот билет на „Бернабеу“. Ова е така бидејќи во Германија има закон со кој не се дозволува цените на билетите да трпат драстични поскапувања без разлика за кое натпреварување се работи и кој противник гостува.

Мегадуелот Баерн – Реал е закажан за 21 часот.