ПРЕДАВНИЦИ ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ?
Објавено на: 23.06.2021
Современиот фудбал често ни приредува сценарија, на кои во минатото не можело ниту да се помисли. Во последните години од 20-тиот век почна трендот на фудбалери кои почнаа рапидно да ги менуваат боите на два клуба најлути ривали. Ќе ги земеме како пример Реал и Барса од европски ранг, или Звезда и Партизан од локален ранг.
Уште едно друго големо градско ривалство, особено од првите години на 21-от век, е проследено со многу и чести промени на боите, кои во случајов не мора да се директни. Двата клуба имаа по неколку бисери, но и по неколку сензационални утки. Последниот пример во низата, е преминот на Хакан Чалханоглу како слободен играч, од Милан во Интер.

Еве дел од претходните, топ 25 ранкингот на сите времиња, од кои некои по неколку пати заминуваа и се враќаа во еден клуб, па вие проценете кој за кого одиграл подобро:
25. Умит Давала – Милан 01-02, Интер 02-04
24. Мансини – Интер 08-10, Милан 10
23. Матиас Силвестре – Интер 12-13, Милан 13-14
22. Леонардо Бонучи – Интер 05-07, Милан 17-18
21. Едгар Давидс – Милан 1996-97, Интер 04-05
20. Антонио Касано – Милан 11-12, Интер 12-13
19. Франческо Коко – Милан 1995-02, Интер 02-07
18. Тарибо Вест – Интер 1997-99, Милан 00-01
17. Томас Хелвег – Милан 1998-03, Интер 03-04
16. Андрес Џули – Милан 98-01, Интер 01-04
15. Џампаоло Пацини – Интер 11-12, Милан 12-15
14. Маурицио Ганц – Интер 95-97, Милан 98-01
13. Дарио Шимиќ – Интер 1999-02, Милан 02-08
12. Џузепе Фавали – Интер 04-06, Милан 06-10
11. Патрик Виеира – Милан 95-96, Интер 06-10
10. Марио Балотели – Интер 07-10, Милан 13-14
9. Сули Мунтари Интер 08-12, Милан 12-15
8. Кристијан Броки – Милан 94-98, Интер 00-01
7. Роберто Баџо – Милан 95-97, Интер 1998-00
6. Кристијан Виери – Интер 99-05, Милан 05-06
5. Ернан Креспо – Интер 02-03, Милан 04-05
4. Роналдо – Интер 1997-02, Милан 07-08
3. Андреа Пирло – Интер 98-01, Милан 01-11
2. Кларенс Сидорф – Интер 00-02, Милан 02-12
1. Златан Ибрахимовиќ – Интер 06-9, Милан 10-12
