Фудбал

КАТАЛОНЦИТЕ МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ, МЕСИ ОСТАНУВА ВО БАРСА

Скај Спорт најавува дека договорот помеѓу Барселона и Меси е постигнат и Аргентинецот ќе остане на Камп Ноу уште две години.

Договорот на Меси истекува за една недела од сега, а по смената на Претседателското место помирни ветрови дувааат во Барселона. Аргентинецот се согласил на нов договор, откако претходната сезона сакаше да си замине од Каталонија.

Според Скај, Меси ќе потпише 2 годишен договор кој ќе го задржи на Камп Ноу до 2023 година. Меси ќе има 36 години и речиси повеќе од сигурно е дека нема да го видиме во друг клуб од Европа освен во Барселона.

Поголеми детали од договорот се уште не се објавени, но се очекува Аргентинецот и понатаму да биде најплатениот играч во редовите на Каталонците. Тогаш,