Кошарка

ИМА И НЕШТО ДОБРО ВО СЛАБИОТ ЕВРОЛИГАШКИ ПОХОД НА ПАРТИЗАН

Партизан не успеа да го повтори ланскиот успех и да се пласира во плеј-оф фазата од Евролигата, завршувајќи на 11-тото место во регуларниот дел со учинок од 16 победи и 18 порази. Конечниот пласман се смета за неуспех од страна на Жељко Обрадовиќ, упрвата и секако навивачите, но сепак има нешто добро и во овој потфрлен обид за избивање меѓу топ 8 екипите во Европа.

Навивачите го обелија образот на белградскиот гигант, поставувајќи два рекорди сезонава. Првиот е од 21 март кога Реал Мадрид гостуваше во „Штарк Арена“, а салата беше исполнета за апсолутен рекорд од 24.233 навивачи во црно-бело.

Со завршувањето на регуларниот дел од сезоната, поставен е и рекорд според просечно присуство по натпревар. За секој домашен меч на Партизан, имало просечно по 19.916 гледачи, што исто така е нов рекорд во најелитното кошаркарско натпреварување на Стариот континент.

Со ваква поддршка, Црно-белите идната сезона со сигурност ќе треба да покажат далеку подобри резултати.