Фудбал

ТЕРЗИЌ ЕДВАЈ ЧЕКАШЕ ДА ЗАВРШИ ИНТЕРВЈУТО ЗА ДА НАПРАВИ СЕЛФИ СО ДЕЛ ПЈЕРО (ВИДЕО)

Алесандро Дел Пјеро одамна ги закачи копачките на клин, моментално ужива во животот и понекогаш ќе се најде во улога на новинар, како на пример вчера за време на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

По мечот, една од задачите на Дел Пјеро беше да земе изјави од тренерите, па кога му заврши краткото интервју со Един Терзиќ, тренерот на Дортмунд се врати за да направи селфи фотографија со веројатно еден од неговите омилени фудбалери од детството.

Овој потег ја покажува големината на Дел Пјеро, но и скромноста на Терзиќ кој, иако води еден од најголемите германски клубови, се однесуваше како обичен фан покрај легендата на Јувентус во моментот кога заврши со обврските.