ПРОСЕЧНА РЕПОРТЕРКА ЗА ФУДБАЛ ВО БРАЗИЛ (ВИДЕО)
Објавено на: 01.04.2024
Во Бразил изгледа секој знае да жонглира со фудбалска топка, па така и оваа репортерка која известуваше за некаков си настан на плажа.
Дали се работи да фудбалски натпревар или нешто поврзано со фудбал на плажа, знаат само оние кои го разбираат португалскиот јазик, што не е главна тема во моментов.
Топката случајно наиде кон новикарката додека таа известуваше во живо пред камера, по што ноншалантно ја удри со рамо и продолжи да збори. Сосема нормален ден во Бразил.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 31, 2024