СИНОТ НА РОНАЛДИЊО ПОЧНА ДА РАСТУРА ВО БАРСЕЛОНА
Објавено на: 31.03.2024
Суперѕвездата на ПСЖ, Барселона и Милан има свој наследник, но позицијата на кој игра неговиот син можеби ќе ги изненади сите фудбалски љубеници.
Бразилецот беше познат по својот непредвидлив дриблинг, брзина и прецизност, а со истите карактеристики фановите го оценуваат и неговиот син, кој игра во младинскиот тим на Барселона, но на левата бековска позиција.
На Тик-Ток се појави едно видео кое многу брзо стана вирално, од сите потези на младиот Жоао Мендеш де Асис Мореира. Она што е интересно е дека тој играше на левата крилна позиција, но откако не успеа да добие доволна минутажа, стручниот штаб го прекомандувал на левата бековска позиција на која добива повеќе минутажа.
@huginhopicks He recently got called up to first team😳 #football #fyp #viral #joaomendes #fcbarcelona ♬ original sound – Grozev
Тој на лето ќе биде слободен играч и ќе може да замине од клубот доколку не добива доволно минути, а фановите веќе почнаа да се шегуваат во коментари на ова видео, алудирајќи на тоа дека синот на славниот Роналдињо имајќи такви гени игра во последната линија на тимот.