Фудбал

ШТО СЕ СЛУЧИ СО КОРЕЈСКИОТ РОНАЛДО?

Хан Кванг-сонг, талентираниот офанзивец од Северна Кореја, е еден од многуте перспективни фудбалери кои не успеале да ги оправдаат споредбите со Кристијано Роналдо. Потенцијалот кај Севернокореецот беше огромен, уште кога ја напушти својата татковина како тинејџер и заигра на Чизмата.

Настапите за Перуџа Серија Б беа забележани од Јувентус, откако не успеа да се наметне во првиот тим на Калјари, иако го постигна својот првенец против Торино во 2017 година. Сепак, ниту Старата дама не му овозможи простор да го истакне потенцијалнот, во главно настапуваше за младинскиот тим до 23 години.

Пред трансферот во Јувентус, Кванг имаше прилика да се пресели во Ливерпул, меѓутоа ја одби понудата, па така заврши во црно-белиот дрес за сума од 3.5 милиони евра. Италијанскиот гигант при тоа успеа да профитира така што го продаде Кванг во Катар за 7 милиони евра, каде конечно доби шанса да го покаже својот квалитет. Придонесе за неговио тим Ал-Духаил да ја освои лигата, но во март 2021 стана жртва на политиката.

Обединетите Нации поставија санкции за граѓани од Северна Кореја забранувајќи им да работат во странство, па остана без клуб откако беше пресудено дека трансферот на Кванг од Јувентус во Ал-Духаил ги прекршил интернационалните санкции.

Кванг потоа беше депортиран во Италија, каде беше заглавен во непозната амбасада поради рестрикциите за патување поради пандемијата со Ковид-19, поточно не можеше да се врати во родната земја која ги затвори своите граници со цел да спречи ширење на вирусот. Фудбалерот немаше право на интервју, па така остана непознато што всушност се случуваше со неговата кариера и живот.

Сега веќе на 25 години, Кванг првпат по три години забележа настап и тоа за репрезентацијата на Северна Кореја, кога во ноември минатата година постигна гол против Мијанмар во квалификациите за СП 2026. И натаму е без клуб, иако пред неколку дена повторно играше за Северна Кореја, во поразот од Јапонија во рамки од азиските квалификации за Мундијалот во 2026 година.