Фудбал

ШАХОВСКИ РОКАДИ НА ТРЕНЕРИТЕ ВО ИТАЛИЈА

Италијанското „меркато“ следната сезона ќе биде многу позанимливо на тренерски план, отколку на играчки, по последните откази и заминувања на тренери од челните места на клупите во калчолигашите.

Последен кој си замина е Маурицио Сари од Лацио, отстапувајќи му го местото на Игор Тудор, но промени се најавуваат и кај останатите големи екипи од апенините, освен кај лидерот Интер кој му подготвува нов договор на Инзаги како би го заштитил од Премиерлигашите како Челси и Ливерпул кои се во потрага по нови тренери.

Според последните најави на италијанските медиуми, голема е веројатноста нови тренери да добијат Јувентус, Милан, Наполи и Фиорентина, поврзаувајќи ги нив со следните тренери:

  • Виченцо Италијано да замине во Наполи од Фиорентина
  • Маурицио Сари да дојде на неговото место во Фиренца
  • Антонио Конте да седне на клупата на Милан по менаџирањето на Јувентус и Интер
  • Тијаго Мота да се пресели во Торино на клупата на Јувентус. иако играчката кариера ја помина во Интер

Што се однесува до останатите големи екипи освен Интер, Рома веќе е извесно дека ќе продолжи со Даниеле Де Роси и следната сезона, а Лацио и следната сезона ќе биде предводен од Тудор.

Кој е твојот „тип“?