Фудбал

АНРИ СИ КАЖА КОЈ Е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ОД СРЕДИНАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Многумина не би помислиле дека ова би бил изборот на Тиери Анри, легендата на Арсенал на прашањето кој е најдобриот играч во историјата на Премиер лигата од средниот дел на теренот, но имајќи го педигрето на долгогодишниот капитен на Арсенал можеби и не е така далеку од вистината.

Анри во два наврати беше дел од тимот од северен Лондон, еднаш од 1999 до 2007 година и подоцна се врати на кратко на позајмица во 2012 година кога постигна гол на својот камбек на Емирати.

Можеби некаде сте ја слушнале оваа изјава која датира од 2020 година, но ја споделуваме уште еднаш како добро потсетување на старите добри времиња во Премиер лигата кога се плукаше крв на теренот за да се стигне до бодови.

Јас би рекол дека Пол Сколс е најдобриот среден играч во историјата на Премиер лигата, а веднаш зад него и тоа многу блиску е Стивен Џерард. Сепак би го одбрал Сколс, бидејќи ги направи Јунајтед како часовник кој никогаш не застанува. Кога и да игравме против нив, главна цел ни беше да го сопреме Пол Сколс.

Дополнително додаде дека според него, Сколс е многу потценет играч и верува дека Англија долги години со него и Џерард ја имала најдобрата средина во светот.

Дали се согласуваш со оваа изјава и мислење на Анри?