Фудбал

КАКО ЌЕ КАЖЕ ГАЗДАТА: ДЕ ЛАУРЕНТИС ГО ПРЕКИНА ИНТЕРВЈУТО НА ПОЛИТАНО СО „СКАЈ ИТАЛИЈА“ (ВИДЕО)

Наполи вечерва гостува кај Барселона во реванш-дуелот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, откако двата тима во Неапол ремизираа со 1-1 во првиот меч.

Во пресрет на возвратната средба на шпанскиот и италијанскиот првак, Матео Политано даваше изјава на „Скај Италија“ токму за реваншот, кога во еден момент сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го повлече фудбалерот забранувајќи му да продолжи да одговара на прашањата.

Наводно, играчите на Наполи имаат забрана за давање било какви изјави на овој реномиран италијански медиум, спроведен токму од газдата Де Лаурентис.

Според последните информации, Наполи ќе биде казнет од страна на УЕФА со цел да го заштити договорот околу ТВ-правата. Инаку, на Де Лаурентис не му е првпат да направи сличен ваков скандал, откако протестираше против „ДАЗН“ телевизијата која ги има правата за Серија А, па клубот беше казнет со 100.000 евра.