Фудбал

АНЧЕЛОТИ ВО НЕВОЛЈА: МУ СЕ ЗАКАНУВА 5 ГОДИНИ ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, е следниот кој се соочува со законите во Шпанија околу затајување данок. Јавниот обвинител бара да му се изрече затворска казна од пет години на стратегот на Кралевите.

Веќе извесно време Анчелоти е под истрага околу неговите примања во неговиот прв мандат како тренер на Реал, од 2013 до 2014 година, а се верува дека затаил околу еден милион евра. Наводно, Анчелоти својот профит од имиџ-правата ги префрлал на сметка на други компации за да избегне да плати данок, но јасно е дека не раководел сам со своите финансии, туку сметководствена фирма.

Италијанскиот стратег веројатно ќе го снајде иста судбина како Жозе Мурињо, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и уште неколку спортски ѕвезди, спогодбено да ја исплати предвидената сума со цел да избегне затворска казна.