ПРВОТО „НЕ“ ЗА ЛИВЕРПУЛ ОД ПОТЕНЦИЈАЛЕН НАСЛЕДНИК НА КЛОП
Објавено на: 06.03.2024
Раководството Ливерпул ја отпочна потрагата по наследник на Јирген Клоп набрзо по неговото соопштување дека ќе замине од клубот по крајот на оваа сезона. Листата на потенцијални нови тренери е долга и конкурентна, но од денес има еден кандидат помалку.
Според италијанските медиуми, Симоне Инзаги, тренерот на Интер, не планира да го напушти кормилото на Нероаѕурите и покрај интересот на англискиот гигант. Италијанскиот стратег бележи доста успеси во овие две и пол години на „Џузепе Меаца“, освојувајќи пет трофеи и настап во финалето од ЛШ, како и 15 бода предност во трката за Скудетото во однос на останатите конкуренти.
Управата на Интер подготви нов договор за Инзаги до јуни 2027 година, како награда за сѐ што направи досега, а тоа значи дека Ливерпул отпаѓа како опција за него, односно воопшто не било ни опција да ги преземе Црвените од Мерсисајд.
За Ливерпул останува да се сврти вниманието кон останатите кандидати, како Чаби Алонсо пред сѐ.