Фудбал

НАВИВАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ СКАНДИРАА „ЖОЗЕ МУРИЊО“ (ВИДЕО)

На фановите на Челси, оние најжестоките очигледно кои патуваат на гостувањата на нивниот тим, преку глава им е дојдено од лошите резултати на тимот, па посакуваат добрите времиња од минатото можеби повторно да се повторат?

Лондонскиот тим имаше 0:1 против Брентфорд, но домаќините во второто полувреме го свртеа резултатот, па од гостинскиот дел на стадионот се слушаше добропознатото скандирање за нивниот досега најтрофеен тренер – Жозе Мурињо.

Според дел од медиумите, претходно се слушале и скандирања за Роман Абрамовиќ, претходниот сопственик на Челси.