Фудбал

ИСТО КАКО НЕКОГАШ РОБЕН, САМО СО ДЕСНА НОГА (ВИДЕО)

Амин Гуири го постигна еден од најубавите погодоци сезонава во топ 5 лигите во Европа, во вчерашното реми на неговиот Рен на гостувањето кај ПСЖ.

Алжирецот во стилот на Арјен Робен, само со десна нога, повлече сам во соло продор и лесно се ослободи од неколку противници, за на крајот со десната нога да упати шут со надворешна и да го совлада Донарума.

 

Многу малку ова мајсторство да ги донесе трите бода за Рен среде Париз, сепак Рамос спасуваше од пенал во седмата минута од судиското надополнување за конечни 1-1 на „Паркот на Принцовите“.