Фудбал

КРАЛСКИ ПРЕЧЕК ЗА РАМОС НА БЕРНАБЕ (ВИДЕО)

Серхио Рамос, долгогодишниот капитен на Реал Мадрид се врати во Мадрид, но овој пат не настапува во белиот дрес на домаќините.

Три години по неговото заминување од клубот, тој се враќа како противник на Бернабе, а од домашната публика беше пречекан со громогласен аплауз и безброј транспаренти.

Шпанските медиуми со голем интерес го следеа враќањето, па го снимаа поранешниот капитен на „Лос бланкос“ од автобусот па се до зелениот терен.