Фудбал

МИОВСКИ ДОБИ ОВАЦИИ ВО АБЕРДИН НА КОНЦЕРТОТ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ (ВИДЕО)

Македонскиот виртуоз и најпознат пијанист, Симон Трпчески, вчера имаше концерт во Абердин, Шкотска, каде имаше прилика да се сретне со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Во пресрет на концертот, Трпчески издвои време да го поздрави Мио-гол и во негова чест да го забележи настапот.

„Иако Абердин е прилично далеку од Македонија, Шкотска поседува посебна топлина која секогаш ме импресионира. Знам дека Македонци кои живејат тука, но вечерва би сакал да му ја посветам на една посебна личност која е во публиката моментално. Се работи за еден од нашите најдобри фудбалери и член токму на фудбалскиот клуб Абердин, а тоа е Бојан Миовски“, се огласи Трпчевски пред неговиот настап, по што следуваше овации за македонскиот голгетер.