Фудбал

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА АПЛАУЗИ И ЗА СОЛЗИ: ПАНДЕВ И АНГЕЛОВСКИ УТРЕ СЕ ЗБОГУВААТ

Најголемиот фудбалер на сите времиња во Македонија, Горан Пандев, утре ќе го одигра последниот меч во дресот на Македонија. Последниот меч од Европското првенство против Холандија на „Јохан Кројф арена“ ќе биде проштален за Гранде Пандев во националниот тим.

„Не можев да посакам поубав натпревар за да кажам „збогум“. Против Холандија, во дресот на Македонија на Европско првенство, на преубавата „Јохан Кројф арена“, изјави Горан Пандев на денешната прес – конференција.

 

Утрешниот меч најверојатно ќе биде последен и за актуелниот селектор Игор Ангеловски на кого договорот му истекува на крајот на месецот.

„Можам да кажам едно големо БЛАГОДАРАМ на овој господин до мене, Горан Пандев, и на сите фудбалери, за се што постигнавме заедно во изминатиот период. Знаеме каде беше Македонија, а сега сме на Европско првенство“, изјави селекторот Игор Ангеловски.