Фудбал

УШТЕ ЕДЕН ВЛАХОВИЌ ЌЕ ГАЗИ НА ЧИЗМАТА?

Изминатото лето, Аталанта во своите младински редови го доведе Вања Влаховиќ, талентираниот голгетер кој е производ на фудбалската академија на Партизан.

Црно-белите лани во јули го пуштија Вања да се пресели на Чизмата за ситно, односно за само 500 илјади фунти, а се чини дека оваа инвестиција на Аталанта наскоро ќе се исплати. Младиот 19-годишен напаѓач кој доаѓа од Вршац, моментално е најдобар стрелец во Примавера, односно младинската Калчо лига, во која на 19 настапи забележа 18 гола и eдна асистенција.

Иако не е во роднинска врска со Душан Влаховиќ, ѕвездата Јувентус, Вања доста потсеќа на него според стилот на игра, а интересно е што избра сличен пат како Душан. Преку младинските категории да избие во првиот тим на Аталанта, како што Душан го стори тоа пред 6 година кога потпиша за Фиорентина.