Фудбал

НА КЛОП МУ СЕ ПЛАЧЕ ШТО СИ ОДИ ОД ЕНФИЛД? (ВИДЕО)

Јирген Клоп најави заминување од клупата на Ливерпул на крајот од сезоната по 9 години поминати на Енфилд, а се очекуваше неговиот прв натпревар по оваа најава пред „Копот“ да биде емотивен.

И така и беше. Пред почетокот на натпреварот против Норич во ФА Купот, фановите на црвените започнаа со својата препознатлива симфонија и „а капела“ изведба, потпомогнати со многу банерри во поддршка и љубов кон Германецот, предизвикаа солзи на неговото лице.

Камерите го фатија овој момент, па ви го пренесуваме, а вие пишете ни дали му се плаче од што не му се оди од Енфилд на крајот од сезоната.