УЗБУНА ВО БАВАРИЈА – КИМИХ ВРШИ ПРЕДАВСТВО?!
Објавено на: 24.01.2024
Врската меѓу Баерн Минхен и Џошуа Кимих оди во лоша насока. Шансите за германскиот репрезентативец да го напушти клубот се многу големи, особено што тој не сака да го продолжи договорот кој му завршува во јуни 2025 година, а според шпекулациите Кимих веќе го одбрал новиот клуб.
Баварците го проценуваат Кимих на 50 милиони евра, но клубот за кој тој сака да игра, не може да го плати. Наводно, Барселона има усмен договор со Кимих за да дојде на „Камп ноу“ во летото 2025 година како слободен играч, односно да го одработи до крај договорот со Баерн и да замине без обештетување.
Тоа би било големо предавство во очите на управата на актуелниот германски шампион, со оглед на тоа дека му дозволуват на Кимих да замине уште по крајот на оваа сезона, со цел да се стигне до заработка од неговата продажба, односно да го продаде за предвидените 50 милиони евра.