Тенис

КИРЈОС ГО СМЕНИ РЕКЕТОТ СО МИКРОФОН

Ник Кирјос по сите изгледи ја заврши тениската кариера и се препушти во коментаторството, улога во која се пронајде во текот на Австралија опен. Најпопуларниот тенисер од оваа земја поради повреда е надвор од терените уште од јуни ланската година, а се чини дека нема да се врати откако рекетот го смени со микрофон.

„Дојдов до точка кога размислувам за живот по тенисот. Мојот менаџер ми вели дека можам да патувам низ целиот свет, да коментирам тенис и да правам интервјуа со познати личности како Гордон Ремзи и Мајк Тајсон. Реалноста е дека моето време во тенисот е завршено“, вели Австралијанецот.

Позитивните критики на социјалните мрежи и присутните во Мелбурн, упатија доста пофалби до Кирјос и неговото снаоѓање на водителската позиција, па не е ни чудо што на 28 години размислува за спортска пензија.