Тенис

КОЕ Е ДРВОТО ВО МЕЛБУРН СО КОЕ НОЛЕ ИМА 15-ГОДИШНА ПОВРЗАНОСТ?

Новак Ѓоковиќ по 11-ти пат се пласира во полуфиналето на Австралија Опен во обид да стигне до самата завршница и до рекордна 11-та гренслем титула во Мелбурн. Светскиот рекет број 1 ужива во земјата на кенгурите, а британскиот медиум „Сан Спорт“ неодамна откри од каде Србинот црпи енергија за успесите што ги остварува на овој голем турнир.

Имено, Ѓоковиќ има посебна врска со едно дрво, не откривајќи точно кое, во кралската ботаничка градина во Мелбурн, на кое веќе 15 години се качува на него.

„Едно дрво, не би кажал точно кое, со цел да можам сам да го поминувам времето кога одам таму и да имам приватност. Со тој стар пријател секогаш сакам да се приземјам и конектирам. Ми се допаднаа формите на корените, стеблото, гранките, практично сѐ околу тоа дрво. Па така, почнав редовно да се качувам на него веќе 15 години. Едноставно имам посебна конекција со тоа дрво“, истакна Новак.

Веројатно дрвото има некаква посебна енергија со која Ѓоковиќ  се „полни“ пред австралискиот гренслем, па можеби затоа е неприкосновен кога излегува на теренот.