Фудбал

СОЛЗИ РАДОСНИЦИ ЗА ИСТОРИСКИОТ ПЛАСМАН ВО ТОП 16 (ВИДЕО)

Сирија како најдобро третопласирана ќе игра во 1/8 финалето од Азискиот куп, за првпат во фудбалската историја на оваа земја, успех по кој преведувачот и новинарот се расплакаа од радост пред камерите.

Откако Хектор Купер, селекторот на Сирија го заврши интервјуто по мечот во кој Сиријците славеа со 1-0 над Индија, неговиот преведувач не можеше да ги задржи емоциите и го прегрна новинарот кој исто така силно плачеше од радост и едвај успеа да го заврши преносот.

Ова го може само фудбалот.