ВРИЕ ВО ФЕНЕР: ЏЕКО СЕ ЖАЛИ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ, ТРЕНЕРОТ НЕ ЧИНИ
Објавено на: 22.01.2024
Един Џеко, капитенот на Фенербахче, беше видно незадоволен од одлуката на тренерот Исмаил Картал, кога го извади од игра во 70-тата минута при резултат од 1-1 во дуелот меѓу Фенербахче и Самсунспор.
Наместо да го остави еден од најдобрите поединци во тимот на теренот и да се обиде со повеќе напаѓачи да избори победа, Картал го извади нервозниот Џеко и на негово место влезе Батчуаји, за што Босанецот бурно реагираше при напуштањето на теренот. Но, наместо да го реши проблемот директно со тренерот, Џеко по мечот се обратил кај клупскиот претседател, Али Коч.
Според турските медиуми, Џеко се пожалил дека Картал не ја води добро екипата, нема авторитет, ниту доверба кај играчите и речиси сите се сложуваат дека треба да биде разрешен од клупата. Слично мислење дели и самата управа на Фенербахче, па многу веројатно Картал може да биде отпуштен во следните неколку недели и покрај тоа што Фенер се бори за титулата во турската Суперлига.
Инаку, гигантот од Истанбул викендов го запиша само третото реми сезонава, односно со 17 победи и еден пораз го дели првото место на табелата со Галатасарај со по 54 бода.