ЖОЗЕ ЗА РОМА Е МИНАТО, НО НЕ И ЗА НАВИВАЧИТЕ
Објавено на: 22.01.2024
Мандатот на Жозе Мурињо во Рома заврши со отказ по три и пол години соработка, а овој потег на управата никако не е прифатен од страна на клупските навивачи. И покрај тоа што наследник на Специјалниот е Даниеле Де Роси, легендата на Рома, изминатиов викенд на трибините на „Олимпико“ се вееја транспаренти во чест на португалскиот стратег.
„Клуб на духови, играчи без ма*иња. Во твоја чест, Жозе Мурињо“.
„Спомените немаат договори. Секогаш ќе ги паметиме и почитуваме насмевките кои ни ги даде, но и за сѐ она за што се залагаше како Романиста. Ти благодариме, тренеру!“
„Ти ја бранеше нашата Рома, ја водеше до победи. Жозе Мурињо, вечна слава!“
Ова се само дел од пораките кои навивачите ги испратија до Мурињо, кој пак на денот кога се раздели со клубот беше видно емотивен и дури плачеше кога се поздравуваше со дел од фановите. Ваква љубов не може да се доживее секаде, особено не во модерниот фудбал во кој парите и експресните успеси се поважни.