Мотоспорт

„КАМИКАЗЕ“ ЗА МАЛКУ НЕ САКАЈЌИ ЌЕ СУРЕДЕШЕ ДВАЈЦА ОДЕДНАШ

Формула 1 објави видео на кое се гледа како јапонскиот возач на Алфа Таури, Јуки Цунода го напушта пит-лејнот без да добие информација од неговиот тим дека наближува еден Вилијамс, а потоа во свиокот за малку избегна колизија со Луис Хамилтон.

Хамилтон мораше да ја пресече патеката за да избегне судар, инцидентот во рамките на првиот слободен тренинг на Пол Рикард помина без последици, што значи француското ГП ќе се одвиува според предвиденото.