Тенис

2024 САМО ШТО ПОЧНА, А ВЕЌЕ ИМАМЕ ФЕР-ПЛЕЈ ПОТЕГ НА ГОДИНАТА (ВИДЕО)

„Друже, ако сакаш побарај си челинџ, судииве ти скратија чист поен“ – Отприлика вака може да се протолкува потегот на Андреј Рублев во дуелот Артур Филс, одигран во рамките од турнирот во Хонгконг.

При сервис на Филс, судијата досуди аут со сугестија дека топчето не падна во полето. Рублев како да виде дека сепак топката заврши на линија и му предложи на противникот да побара челинџ со цел да не биде оштетен. Артур го стори тоа, а снимката покажа дека неговиот сервис бил точен и дека топчето удри половина од линијата, по што судиите ја повлекоа одлуката и му го вратија сервисот на Французинот.

Подоцна во мечот рускиот тенисер славеше со 6-4, 1-6, 6-2, а овој фер-плеј моментот го одбележи почетокот на тениската 2024 година.