Тенис

МАКЕДОНСКО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА СИНЕР ВО МЕЛБУРН (ФОТО)

Јаник Синер, еден од носителите на првиот гренслем за 2024 година, ОП на Австралија, вчера започна со тренинзите во Мелбурн во пресрет на турнирот.

Италијанскиот тенисер тренираше со Даниел Јовановски, 15-годишен талент од Австралија, кој според името и презимето може да се потврди дека има македонски корени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jannik Sinner (@janniksin)

 

„Стигнавме во Мелбурн. Ти благодарам Даниел за тренингот, со среќа оваа година!“, напиша Синер на објавената фотографија со Јовановски на неговиот инстаграм-профил.

Инаку, Даниел е еден од ѕвездите во подем и му се предвидува висок пласман на јуниорскиот Австралија Опен и веќе има освоено два јуниорски турнири. Мометално е на 74% успешност во вкупно 46 меча, а сонот му е да биде најдобар на светот како неговиот идол, Новак Ѓоковиќ.