Кошарка

КАКО ОД ШЕГА: БАЗЕР-БИТЕРОТ НА ЈОКИЌ ЗА ПОБЕДА (ВИДЕО)

Кога е најпотребно, тука е Никола Јокиќ. Двократниот МВП ноќеска го реши дербито против Голден Стејт вориорс со тројка од речиси половина терен, погодувајќи во последните секунди за конечни 130:127.

Популарниот Џокер имаше точно време за два до три дриблинзи пред да се исправи и да шутне преку противничкиот играч, иако беше поблиску до центарот отколку до линијата за три поени. Јокиќ така го запиша 34-тиот поен на мечот, имаше и 10 асистенции, а му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок.